Биди во тренд со IVERI!
Веќе 20 години ги доближуваме светските модни трендови до секој дом во Македонија.
Бутик IVERI
Во 2005 год. IVERI ја отвара својата прва продавница во старата Прилепска чаршија. Набрзо потоа се проширува и на втора локација со што станува лидер на локалниот fashion пазар. Како поддржувач на fast fashion трендовите парчињата што ги нуди IVERI во своите колекции се набрзо широко прифатени од голем број на потрошувачи.
IVERI LOVES SKOPJE е нашиот прв поголем проект со што IVERI доаѓа во срцето на Скопје. Во 2017 год. се отвара IVERI на плоштадот во Скопје и станува подостапен за голем број на наши потрошувачи.
IVERI колекциите се достапни за секого и секојдневно го привлекуваат интересот и довербата на нови потрошувачи.
Постојано добиваме пораки од типот:
"Кога IVERI во Битола"?
"Имате супер производи, отворете во Охрид"🙂
"Ве чекаме во Струмица"
Нашиот следен проект беше под името: IVERI LOVES BITOLA
Во 2001 го отвараме нашиот трет fashion store на Широк Сокак. На наше и на задоволство на нашите потрошувачи IVERI е поблиску до Битолчани кои се познати fashion lovers.
Нашата компанија бележи континуиран раст како резултат на голем број задоволни потрошувачи.
IVERI LOVES STRUMICA е нашиот нов проект на кој тимот на IVERI работеше со голема посветеност. Во 2022 год. се отвори нашиот 4-ти fashion store на два ката на 300 m2 на плоштадот во Струмица.
Со овие чекори, темпото и начинот на работа IVERI станува една од посериозните домашни fashion retail компании препознатливи на пазарот.
Водени од мотото дека секој еден клиент треба да има позитивен user experience најважно кај нас е сите клиенти да бидат задоволни со нивниот избор.
Благодарност до нашите тимови кои секојдневно ја извршуваат својата работа со посветеност и големо задоволство, а најголема благодарност до сите наши 130000 следачи и на многу повеќе задоволни клиенти во нашите продавници за кои секојдневно сме бр:1 ИЗБОР😍
Визии и планови за развој:
Согласно добриот сооднос на цена и квалитет нашите планови се ширење на Македонскиот и застапеност на Балканскиот пазар🛍🛍
"МОДА ДОСТАПНА ЗА СЕКОГО" е нашето мото што не движи овие години, а ќе продолжиме да бидеме тука за сите Вас вљубеници во модата.💗
Тимот на IVERI
заедно создаваме успех
